НАМЕСТО ДА ЗАСАДУВА ОПШТИНА ТЕТОВО СЕЧЕ ДРВЈА И ГО УНИШТУВА ПОСЛЕДНОТО ЗЕЛЕНИЛО ВО ГРАДОТ

0
25

Добро не убедивте дека може да го уништите и тоа малку зеленило кое го има во градот. Ова е пораката која од Иницијативата Тетово сака парк ја упатија до општинските власти, откако денеска на локацијата позната како стара пожарна беа исечени високостеблести дрвја.

Од Општина Тетово засега нема информации, за која цел е уништено зеленилото и што точно ќе се прави на тоа место, за дрвјата да бидат исечени.

Подолу е целата реакција на Иницијативата Тетово сака парк.

– Дали станарите Ви дале согласност за сечата?
– Дали и овие дрвја беа стари и болни?
– Која е целта со сечата?
– Уште колку дрвја останаа за сечење во градот?
– До кога аматери и кусогледи луѓе ќе ги кројат општинските политики?
– Кога ќе го исечете и последното старо дрво во градот и кога ќе ги бетонирате последните тревници, како тогаш ќе обезбедувате нови паркинг места?
– Дали дури тогаш ќе сфатите дека упропастување на тие малку зелени површини во градот за да се обезбеди некое паркинг место плус, не е, и не може да биде решение за сообраќајниот метеж?

Иницијатива Тетово сака парк