ВО УПРАВНИОТ ОДБОР ЗЕМАМ МЕСЕЧЕН НАДОМЕСТ ОД 1000, ВЕЛИ АДВОКАТОТ ЈЕВТИЌ

0
22

Немам поднесено анкетен лист, иако сум требал да поднесам, вели адвокатот Ивица Јевтиќ во изјава за „Локално“ откако беше посочено неговото име од ВМРО-ДПМНЕ во т.н. афера „Тајни имоти

Јевтиќ е член на Управниот одбор на Прифатниот центар за баратели на азил. Според информациите што ги објавија од „Белата палата“, тој на свое име поседува стан во Скопје, од 2015-та година основач е на Адвокатското друштво Тошиќ и Јевтиќ, а во 2020-та година во месец ноември ја основа градежната компанија ФИЗ Констракшн ДООЕЛ Скопје.

Се работи за Управен одбор каде месечниот надоместок е 1.000,00 денари месечно, така да јасно ви е од кои причини се прави ова, потенцира Јевтиќ.

Адвокатот вели дека прифаќа санкција, доколку сноси одговорност.

-Доколку ДКСК смета дека било потребно да се поднесе анкетен лист и требам да сносам санкција, ќе ја прифатам. Законот треба да важи за секого, порачува Јевтиќ.

Јевтиќ беше едно од четирите имиња засега кои ВМРО-ДПМНЕ ги обвини дека не поднеле анкетни листови, а се блиски до владечката СДСМ. Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу исто така не поднел анкетен лист според најголемата опозициска партија.

Извор: Локално.мк