НУРЕДИНИ ЌЕ ГО ПОСЕТИ МЕСТОТО КАДЕ СЕ ИЗВЕДУВААТ АКТИВНОСТИ ЗА ЗАШТИТА ОД ПОПЛАВИ, ВО АТАРОТ НА ШИПКОВИЦА

0
30

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, денеска ќе го посети селото Шипковица каде во тек се изведбените работи од проектот за подобрување на отпорноста на поплави во полошкиот регион.

Покрај министерот Нуредини местото ќе го посетат и амбасадорката на Швајцарија Вероник Улман, постојаниот претставник на УНДП Армен Григорјан и градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами.