ОГНЕНИТЕ НА СРЕДБА СО АЛИ АХМЕТИ

0
26
Во седиштето на Демократската унија за интеграција во тетовска Релица пристигнаа претседателот Али Ахмети како и членовите на ткн. Огнена група.  Садула Дураку, Муса Џафери, Блерим Беџети, Изет Меџити и Невзат Бејта.На прашањата од новинариѕе што очекувааат Изет Меџити рече дека ќе се разговара
-Ќе разговараме како и секогаш, рече кратко Меџити, кој на прашањето дали очекува примирје истакна дека новинарите ќе бидат известени.
Ова е втора ваква средба откако во четвртокот на 29 септември Ахмети имаше состаноци со ограноците од Чаир и Сарај, а меѓу нив беа и Изет Меџити и Блерим Беџети.На 24 септември медиумите за прв пат го објавија писмото со кое функционери на ДУИ, кои се нарекоа „Огнена група“, до раководството на партијата, побараа да запре „војната“ во партијата, а одредени функционери од извршната власт да понесат одговорност.