Социјално ранливите категории граѓани ќе добиваат по 3 илјади денари во наредните четири месеци, најави Ковачевски како дел од антикризните мерки

0
21

Мерката пофаќа корисници на социјална помош, родители на деца со попреченост, самохрани родители и невработени… Во сетот антикризни мерки се опфатени и пензионерите со најниски пензии кои ќе добијат по 6 000 денари помош во наредните четири месеци односно по 1 500 денари месечно. Пакетот помош ги опфаќа и училиштата, болниците, општините, но и приватниот сектор

Владата на  вчерашната седница донесе нов сет на антикризни мерки во вредност од 350 милиони евра за справување со енергетската криза. Премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција истакна дека со новиот пакет севкупната поддршка досега во 2022 година за полесно пребродување на кризата во сите сфери досега изнесува 750 милиони евра. Дел од мерките ги опфаќаат социјално ранливите категории граѓани, невработените и пензионерите со ниски примања. Според планот, околу 42 илјади граѓани во наредните четири месеци ќе добиваат по 3 илјади денари.

„Тука спаѓаат лицата кои користат право на социјална сигурност, лица кои користат право на попреченост, родители на деца со попрченост до 26 годишна возраст, лицата со потешки трајни промени во здравстевната состојба, самохрани родители како и невработени. За оваа мерка се издвоени над 8 милиони евра.“изјави Ковачевски.

Над 12 милиони евра се издвојуваат и за пензионерите кои земаат пензии до 14 илјади.

„Директна финансиска поддршка од вкупно 6 000 денари во наредните 4 месеци (1 500 денари месечно) има и за пензионерите кои земаат до 11 525 пензија, а тоа се над 91 600 пензионери наши сограѓани. Воедно, директна финансиска помош од вкупно 3 000 денари обезбедивме за пензионерите кои земаат пензија од 11 525-14 000 денари, односно над 66 000 пензионери“,рече Ковачевски.