АНГЕЛОВ СЛИКАН НАД НЕБЕЗБЕДЕН МОСТ, НЕ Е ДО МЕНЕ ВЕЛИ ДО МОСТОВИТЕ Е, ПОБАРА РЕАКЦИЈА ОД НАДЛЕЖНИТЕ

0
19

Не е до мене, до мостовите е, напиша Стојанче Ангелов на неговата официјална Фејсбук страница, постирајќи слика од надвозникот во Визбегово. Побара надлежните да реагираат, оти инфраструктурниот објект, преставува опасност, за сите кои поминуваат.

„Можната нестабилност на мостот како и парчињата бетон кои висат од него претставуваат опасност за луѓето и возилата што се движат по него но уште повеќе за тие што се движат под него.Во неколку наврати побаравме интервенција од потенцијално надлежните институции но опасноста сеуште не е отстранета“.Денес повторно јавно ги повикавме надлежните институции но и медиумите и граѓаните.Институциите да реагираат,медиумите дополнително да истражат и информираат а граѓаните да пријават било каква опасност на бројот 112.Благодарност до медиумите за редовното и објективно информирање, напиша Ангелов

Благодарност до граѓаните за пријавите.Бидејки, за нас од ЦУК, безбедноста на граѓаните секогаш е на прво место, напиша Ангелов додавајчи ја неговата познатата фраза „Сејфти фрст„.