ЕУ: Мафијата на Западен Балкан стана клучен играч на регионалниот и европскиот пазар на дрога

0
39

Криминалните мрежи во Западен Балкан станаа клучни актери и на регионалниот и на европскиот пазар на дрога, се посочува во извештајот на Европски центар за следење
на дрога и зависност од дрога (EMCDDA). Извештајот на оваа Агенција покажа дека стратешката географска положба на земјите како Албанија, Црна Гора, Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Косово, во комбинација со големата побарувачка за дрога, особено во Европската Унија и Турција, ги забрзаа операциите на криминалните групи.

„Некои земји од ЕУ се наоѓаат на рутите за шверц на дрога што минуваат низ Западен Балкан пред дрогата повторно да влезе во ЕУ. Ова значи дека тековите на шверц може да бидат сложени”, се вели во извештајот на агенцијата, кој е дел од поголема регионална студија спроведена помеѓу 2019 и 2022 година.