Касами ја бара касарната за да ја пренамени во парк, во меѓувреме слободните површини кои „плачат“ за парк запустени

0
24

Градоначалникот на Општина Тетово Биљал Касами, на денешната прес конференција по повод една година владеење, ја повика владата, тетовската касарна да ја даде на владение на Општина Тетово, која планира да ја пренамени во модерен градски парк. Така како што рече Касами, ќе им излеземе во пресрет на тетовци, кои имаат голема потреба од ваков простор.

„Ќе ја искористам можноста да се обратам до централната власт, касарната во Тетово да биде доделена на Општина Тетово и ние ветуваме дека тој простор ќе биде градски парк. Ако конечно нема друго решение владата за тој дел на градот, а другите касарни во другите градови се дадени на општините, ние бараме и нас да ни се додели просторот каде што е касарната и ветуваме дека ќе го пренамениме во модерен и убав градски парк. И јавно ја повикуваме „Иницијативата Тетово сака парк“ дека веќе знаеме дека дел од членовите се функционери на централната власт, да ни помогнат да ни се додели касарната, со цел тетовци да имаат убав градски парк, рече Касами.

Повеќе подолу на линкот на Слободен печат

Касами ја бара касарната за да ја пренамени во парк, во меѓувреме слободните површини кои „плачат“ за парк запустени