СТУДЕНТИТЕ НЕ СЕ ЗАДОВОЛНИ ОД ПРЕГОВОРИТЕ СО КОВАЧЕВСКИ И ШАЌИРИ, ПОВИКУВААТ НА МАСОВЕН ПРОТЕСТ НА ДЕНОТ НА СТУДЕНТИТЕ

0
22

По средбата во Собранието помеѓу премиерот, претставниците на студентските собранија, пратеници и министри, јавно соопштуваме дека не сме задоволни од крајниот исход и од одлуките кои се донесоа.

Ние како студенти остануваме на нашите барања:

1. Издвојување на средства од буџетот за зголемување на износот на субвенционираниот студентски оброк од 120 денари на 150 денари дневно;

2. Издвојување на средства од буџетот за израмнување на сумата на стипендиите согласно измените од последното покачување на стипендиите;

3. Издвојување средства за реновирање и обезбедување на нормални услови за престој во студентските домови, долгорочен план за формирање на „студентски градови” и стоп за најавената приватизација на студентските домови;

4. Издвојување доволно средства за изземање на студентите од антикризните мерки на Владата за рационализација и штедење струја;

Со оглед на тоа што единственото барање кое се прифати е повлекувањето на измените на Предлог-законот за студентски субвенциониран оброк, најавуваме дека нема да отстапиме сѐ додека итно не се реализираат и останатите наши барања и ве повикуваме во четврток (17.11.2022), на Меѓународниот ден на студентите, на масовен студентски марш од 17:00 часот. Маршот ќе започне од Министерството за образование и наука и заедно ќе се упатиме кон Собранието на Македонија.

Воедно, ги повикуваме сите студентски организации, универзитетските и факултетските студентски собранија, професори, здруженија и невладини организации да се придружат во нашата борба. АЈДЕ СИТЕ ЗАЕДНО ДА СЕ ИЗБОРИМЕ ЗА НАШИТЕ СТУДЕНТСКИ ПРАВА И ЗА ПОДОБАР СТУДЕНТСКИ СТАНДАРД! ОТПОРОТ ПРОДОЛЖУВА!