Име Вести ФОТО: УРБАНА МАФИЈА ГО ОБИЈА МОЈОТ АВТОМОБИЛ, ОБВИНИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КИСЕЛА ВОДА

ФОТО: УРБАНА МАФИЈА ГО ОБИЈА МОЈОТ АВТОМОБИЛ, ОБВИНИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КИСЕЛА ВОДА

0
24
Вечерва “непознати сторители” го обија мојот автомобил нанесувајќи материјалнa штета, објави градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски.
„Случајот е пријавен во полиција (искрено не очекувам да бидат најдени).
Иако навидум сторителите се непознати, причините се јасни.Намерата им е да ме “поздрават” затоа што се справувам со урбаната мафија која дивееше и беше главна во време на претходниците. Епа веќе не смее да припари урбаната мафија накај општина, општината ја водат граѓаните“, стои во Фејбук објавата на  Ѓорѓиевски.

 

„Нема по ниту една цена да се сопре развојот на Кисела Вода, решавањето на проблемите на народот и да дозволам матните бизнис интереси на поединци да бидат посилни од тие на народот.Стаклата и возилото може да ги кршат колку сакаат, ама не можат да ја скршат никогаш мојата одлучност да ја решам урбаната мафија еднаш, засекогаш. Моите сограѓани го заслужуваат тоа!На сите треба да им е јасно, никој нема да ме “заплаши” или премисли во намерите да го исполнам она што сум го ветил“, пишува Ѓорѓиевски