АНТИ КОЦКАЊЕ: ДАЛИ ЌЕ ИМА КОЦКАРНИЦИ ПРЕД ЦРКВИ, ЏАМИИ И УЧИЛИШТА НА РЕФЕРЕНДУМ ЌЕ ОДЛУЧАТ ГРАЃАНИТЕ

0
22

Движењето „Анти коцкање“ денес во салата на Советот на Општина Тетово, организираше конференција каде пред присутните даде предлог Општина Тетово да организира референдум со едно прашање:

„Дали сте за оддалечување на сите објекти кои приредуваат игри на среќа од училишта и верски објекти“.

Ваквата иницијатива следува откако како што велат од движењето „Анти коцкање“, Собранието го повлекла новиот предлог закон за игри на среќа, во кој стои дека сите објекти каде се приредуваат игри на среќа да бидат оддалечени од воспитно – образовни објекти како и верски објекти најмалку 500 метри.

„Сите сме сведоци дека ситуацијата е аларманта со објектите на игри на среќа, се работи за цела држава, но за жал намерното лошо менаџирање, не доведува во ситуација ние да бараме решение. Не се работи само за Општина Тетово, туку ќе почнеме од Тетово и ќе продолжиме со организирање на референдуми и во другите општини, за еднаш засекогаш да се реши проблемот со игри на среќа. По убиството кое се случи во една коцкарница ние бараме затворање на сите објекти на игри на среќа, се до донесување на закон што ќе биде добар за сите“, вели Џемал Абдиу од движењето „Анти коцкање“.

 

Извор СП