ВИДЕО: ПО ДОЈАВИ ЗА БОМБИ ЕВАКУИРАНИ ТРГОВСКИ ЦЕНТРИ И УЧИЛИШТА ВО СКОПЈЕ

0
28

Една полициска станица, два трговски центри и седум средни училишта во Скопје се дел од објектите што утринава на своите електронски адреси добиле закани за поставени бомби, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Според информациите на МВР, заканувачките пораки за поставени експлозивни направи стигнале на мејловите на Трговскиот центар „Ист гејт“, Трговскиот центар „Бисер“, станбено-деловниот комплекс „Флатрон“, полициската станица Центар, како и Транспортниот центар.

Дојави за поставени бомби утринава добиле и седум средни училишта во главниот град.

„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и останатите објекти, во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“,посочија од МВР.