ЗА 2,5 ГОДИНИ ОД ШТИПСКАТА БОЛНИЦА СИ ЗАМИНАЛЕ 20 ДОКТОРИ И УШТЕ 50 СЕСТРИ И ДРУГИ ВРАБОТЕНИ, ОДЛИВОТ ЌЕ ПРОДОЛЖИ ПО НОВА ГОДИНА

0
32

Од Штипската клиничка болница изминативе 2,5 години си заминаа 70 вработени, а со отворањето на нови приватни здравствени установи и ординации, по Нова година ќе се соочи со нов одлив на медицински кадар, пишува сдк.мк. Нови вработувања нема од февруари оваа година.

„Дел од вработените во гинекологија, анестезиологија, лаборанти и медицински сестри од хирургија и други одделенија, како што се најавува, наскоро ќе си заминат од болницата, па затоа ќе мора да бараме начини брзо да ги пополниме испразнетите работни места, за да не трпат пациентите“, вели директорот Ален Георгијев.

По сите основи, заминување во странство или во приватни ординации, пензионирање итн, Штипската клиничка болница за 2,5 години ја напуштиле 70 вработени, од кои 20 се доктори, а останатите се медицински сестри, технички, хигиенски кадар и административци, па сега болницата од 550 вработени се сведе на 470 лица.

Според раководството, се работи за проверен, стручен и добро обучен кадар што бил создаван со години. По цена и на пенали и враќање на плата имало дури обиди за заминување и од завршените специјализанти, иако со потпишаните договори се обврзани да останат на работа во Клиничката болница двојно повеќе од времето поминато на специјализација