ЈКП ТЕТОВО НЕ ДАВА ПЛАТИ И НЕ ПЛАЌА ПРИДОНЕСИ, ШТРАЈК НА ТЕТОВСКИТЕ КОМУНАЛЦИ

0
20

 Без плати и придонесе вработените на ЈКП Тетово денеска преку штрајк го изразија револтот. Така е велат со години. Од надлежните добиваме само празни ветувања дека проблемот ќе се реши. Без да не исплатат нема да го собираме сметот, велат тетовските комуналци.

Куртиши Имери вработен во ЈКП Тетово пред два месеци остана без два прста од раката. При собирање на смет од контејнерите, машината за отпад во самото возило, вели за миг ми ги пресече прстите. Но оттогаш се до денес се лечам приватно, оти фирмата ниту ми дава плата, ниту ми плаќа здравствено осигурување.

Тој заедно со неговите колеги денеска во кругот на ЈКП Тетово, започнаа да штрајкуваат поради неисплатени плати. Не зеле од фирмата ниту денар веќе четири месеци. Работиме не отворено сите сме болни и неоподно ни е здравствено осигурување.

Платите им доцнат со години, а добиваат само празни ветувања дека ќе се реши проблемот.

Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами изјави дека неисплатените хонорари за оние со договор на дело ќе ги плати Општината. За тие со редовен работен однос, ЈКП Тетово треба најде начин.

Во ЈКП Тетово со договор и без договор на дело се вработени 400 луѓе, кои едвај преживуваат со години поради нередовната исплата на платите и здравственото осигурување.