“ДЕТЕ ОД КИЕВ МЕЧТАЕ ЗА РАКЕТА”, НЕВКУСНА ШЕГА НА РУСКИ ПОЛИТИЧАР

0
29

Невкусна  „шега“ на рускиот политичар Игор Нилов денеска предизвика остри реакции на социјалните мрежи, каде беше објавено видео од хуманитарен настан на кој Нилов е снимен како ја кажува „шегата“ пред гостите.

Нилов, руски парламентарец и заменик-претседател на партијата Праведна Русија, е снимен како одбира од ливчињата под елката со запишани новогодишни желби од деца, по што вели: „Вова, дете од Украина, мечтае за ракета. Вова, ќе добиеш ракети – само чекај“. „Ова е шега, секако“, вели Нилов.