По 30 години власта го „одврза ќесето“ ќе даде пари за изградба на пат до Луковица

0
50

Ќе се гради пат за Луковица, единственото село во западна Македонија до кое наместо по асфалт, мора да се оди по земја и камења. Парите за изградба на патот ги одвои владата, откако од Општина Желино под кое припаѓа ова село, неодамна изјавија дека Луковица не им е приоритет.

Патот до село Луковица ќе започне да се гради напролет.Се работи за 15 милиони денари, средства од буџетот на Владата за 2022 година од потпрограмата 20 за Сообраќај и комуникации.

По локалниот пат од место викано Крстец до село Луковица, возилата возат по кал, земја и камења, причина поради која голем број од мештаните се исселиле, а дел од нив ги напуштиле сточарските гранки, кои ги основале во селото и солидно егзистирале. Со патот се надеваат дека селото ќе заживее