Тетово абер нема за градски парк, а постојните зелени површини запуштени

0
24

Општина Тетово се уште „глува“ на барањето на „Иницијативата Тетово сака парк“ која предлага  локациите на поранешните фабрики „Монопол“ „Шик Јелак“ како и просторот околу „Жена паркот“ и поранешниот „Спортски центар“ да се пренаменат во градски парк, објави СП. И по поминато речиси една година од барањето, иницијативата тапка во место, а градот се повеќе се гуши во бетон и асфалт.

„Скоро цела година општината остана неактивна и без никаков забележителен ангажман кога се во прашање зелените површини, но и воопшто за животната средина. Несфатливо и поразително за сите е ваквото игнорирање од општината. Да не заборавиме дека ние како иницијатива чекаме за стручна средба која ја вети градоначалникот уште од април годинава околу нашиот предлог за нов градски парк, соопштија за Слободен печат од „Иницијативата Тетово сака парк“.

И додека се чека мал позитивен исчекор за реализација на иницијативата, постојните слободни јавни зелени површини целосно се запоставени. Такви се површините од поранешниот спортски центар, парцелите околу спортската градска сала, како и јавната површина каде порано беа поставени бараки од тетовската гимназија, каде следеа настава учениците од Македонски наставен јазик.