Тетово за Нова година нема да биде украсено, ама Општината на тетовци ќе им пушти улично осветлување

0
26

Градот нема да биде украсен за новогодишните празници, но во текот на целата новогодишна ноќ општината одлучи да пушти улично осветлување, изјави градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами.

„Имавме одлука за да има штедење на струја да се гаси јавното осветлување, но во текот на празниците да не бидеме во темнина одлучивме да имаме јавно осветлување во текот на цела новогодишна ноќ. Има некои предлози да се уреди плоштадот, но кога ќе има конечен предлог и тоа ќе го презентирам. Значи нема да биде украсен градот, но граѓаните ќе имаат можност да уживаат во новогодишните ноќи, рече градоначалникот на Тетово Билал Касами.

Инаку, Општина Тетово уште минатиот месец одлучи после полноќ да се гаси јавното осветлувањe.

извор СП