Петровска од Тетово: Предвидуваме рекордни 1,35 милијарди евра поддршка за земјоделците

0
38

Носителката на кандидатската листа на СДСМ за ИЕ6, Славјанка Петровска во Тетово денеска го посети зелениот пазар каде во разговор со тамошните продавачи ги најави и мерките кои се предвидуваат за унапредување во состојбите во земјоделството.

-Во новиот мандат предвидуваме рекордни 1,35 милијарди евра поддршка за земјоделците. За над 50 проценти ги зголемуваме грантовите за младите земјоделци и жените земјоделки. Веќе во првата година од мандатот го градиме и пуштаме во употреба новиот откупно-дистрибутивен центар во Скопје, а потоа и следните во Струмица и Ресен, истакна Петровска.

Таа посочи дека нивна заложба е обезбедување на зголемено домашно производство на храна, сигурен пласман и подобри услови за работа на македонските земјоделци.