ЈЕЛОВЈАНЕ ЗАБОРАВЕНО ОД ВЛАСТИТЕ: И НАШЕТО СЕЛО ПРИПАЃА НА ОВАА ДРЖАВА, РЕАГИРААТ МЕШТАНИТЕ

0
40

Без превоз за учениците, без основна инфраструктура, Шарпланинското село Јеловјане со децении заборавено од властите, реагира месната заедница од ова населено место. Поради комуналните и инфраструктурни проблеми, голем дел од жителите веќе се отселени од нивниот роден крај.

За нашите деца нема превоз, се жалат мештаните. Оставени се родителите сами да се снаоѓаат, а двајца ученици поради проблемот се принудени да живеат под кирија во Тетово, каде и се запишани во средните училишта.

Од Општина Тетово, велат дека транспорт за учениците бил обезбеден, но родителите на биле задоволни од превозниците.Возењето според нив, по стрмниот планински пат, било ризично и непрофесионално.

„ Посочено им е на родителите тие да најдат возачи, но тоа го одбија. Ако сакаат да го решат ова прашање нека се обратат до соодветните институции и инспекторати, што е до нас, ние како сектор ги презедовме нашите чекори“, истакнаа од Секторот за јавни дејности при Општина Тетово.

Мештаните велат дека ова не е единствениот проблем. Нивното село е заборавено и од централните и од општинските власти. Речиси сета инфраструктура мораме сами ја одржуваме. Како да припаѓаме на друга држава, велат тие.

Јеловјане припаѓа под Општина Боговиње. Поради игнорантскиот однос на властите велат мештаните, моментално тука во селото останати се да живеат околу триесетина семејства.