Крвава бадникова вечер на Косово: Ранети Срби, 11-годишно дете и 21-годишно момче

0
28

Две српски момчиња, братучедите Стефан Стојановиќ (11) и Милош Стојановиќ (21) се ранети денеска во Готовуша кај Штрпце кога без причина локален Албанец пукал во нив од возило во движење, соопшти Канцеларијата за Косово и Метохија.

Како што се наведува, „во моментот на нападот децата се движеле покрај патот и носеле бадникови гранчиња кога напаѓачот отворил оган врз нив“.

– Се здобиле со прострелни рани, едното момче било застрелано во раката, а другото во рамото, а само од чиста среќа не биле повредени или животно загрозени – наведуваат од Канцеларијата.

Во него се вели и дека тие „во моментов се транспортираат во Клиничкиот болнички центар во Грачаница каде ќе ја добијат најдобрата можна нега“.

– Станува збор за очигледен обид за убиство на невини српски деца кои им пречеле само затоа што носеле бадниково гранки и со тоа јасно покажале дека се Срби. Иако неколку очевидци ја виделе регистрацијата на возилото од кое се пукало, локалната полиција го пуштила возилото – се наведува во соопштението.

Се додава дека „овој напад е директна последица на антисрпската политика на Албин Курти, кој со своето однесување и постапки ги охрабрува сите оние кои сакаат српска крв, дури и на Божиќ“.

– Бараме итна и одлучна реакција од меѓународната заедница, а Канцеларијата за Косово и Метохија на семејствата и на повредените ќе им ја пружи сета потребна помош – се вели во соопштението.