Изгоре викендица на тетовското Кале

0
26

Изгоре објект во викенд населбата на тетовското Кале. Куќата е не тетовско семејство кои повремено престојуваа во неа, но и чуваа стока.

Објектот кој утринава ми изгоре ми беше мојот прв дом, повеќе бев тука, отколку во градот, вели сопственикот  Жарко Ананчевски од Тетово. Повеќе од три децении откако ја изградив куќата, речиси секој ден  сум на тетовското Кале, далеку од гужвите хаосот и загадениот воздух. Но сега објектот е пеплосан е се што имаше во него.

„Не е викендица јас повеќе живеам овде, јас чувам тука преку лето и стока, на горниот дел имав 200 бале село може и повеќе. И чекам да дојде пролет за да чувам стока. Ова за мене има големо значење, 90 % сум овде и овде спијам“, рече Жарко Ананчески.

Пожарот избувнал утринава. По пријавата пожарната пристигнала за кратко време, но објектот веќе бил изгорен. Пламените јазици не го зафатиле само дел долниот дел од куќата

“Од горниот дел избувнал така ми кажаа. Штетата е голема се е уништено. Од деветесетите години наваму е објектот, јас сум од овде од село Лавце, овде ме влече, рече Жарко Ананчески

Ананчески вели дека ќе ја обнови куќата, а се надева и на помош од општинските власти.