Морничаво видео од Нови Пазар: Се обидел да го спаси таткото од надојдената река, но поројот ги однел и двајцата

0
33

Се уште трае потрагата по две лица кои вчера паднаа во реката Трнавица во Нови Пазар.

Во меѓувреме се појави вознемирувачко видео на кое се гледа моментот кога син се обидел да го спаси таткото кој го носел надојдената река Трнавица, но и тој паднал во водата.

На видеото од надзорната камера од блиската куќа се гледа дека млад човек истрчал на мостот и се обидел да му ја подаде раката на давеникот, но оградата пукнала и водата ги однела двајцата.

Штабот донесе одлука за прогласување вонредна состојба поради поплавите на територијата на Нови Пазар и апелира до граѓаните да избегнуваат движење и престој во близина на реки и други водотеци и да не поминуваат по импровизирани мостови.