ТВ 21 – АЛИЈАНСА ГИ ДОБИ ПРАВДА, ЗДРАВСТВО, ВИЦЕПРЕМИЕР, УЈП, ЦАРИНА, ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА

0
21

Внатрепартиските извори за ТВ21 велат дека Алијанса за Албанците ќе раководи со повеќе ресори и дирекции.

„Министерство за здравство, Министерство за правда, едно вицепремиерско место, заменик- министер за земјоделство, заменик-министер за одбрана. Царинска управа, Управа за јавни приходи и Финансиска полиција“.

А во меѓувреме Алтернатива сѐ уште нема одлучено дали ќе остане или, пак, ќе се повлече од мнозинството, поради, како што велат, непочитување на договорот. И партијата на Гаши го чека конечниот договор меѓу Таравари и Ковачевски, за потоа да донесат одлука.