ВИДЕО: УЖАС – ПРОНАЈДЕНИ 18 МРТВИ МИГРАНТИ ВО КАМИОН ВО БУГАРИЈА, ПРЕЖИВЕАНИТЕ ПРЕМРЗНАТИ И ДЕХИДРИРАНИ

0
28

Бугарското Министерство за внатрешни работи соопшти дека денеска во напуштен камион во село во близина на главниот град Софија се пронајдени тела на најмалку 18 лица. „Според првичните информации, камионот превезувал илегални мигранти – вкупно околу 40 лица, кои се криеле под дрвa“, соопшти Министерството

Во поголемите болници во моментов се примени 11 лица, изјави в.д министерот за здравство Асен Меџидиев. Во другите медицински установи според него ќе бидат сместени останатите, кои се во полесна состојба, објави БНТ.

“Во 17.00 часот на Итната помош на Военомедицинската академија биле донесени пет лица. Тие се сместени на интензивна нега, а четворица од нив се во тешка состојба и бараат интубација“, соопштија од ВМА.

Според информациите на Бугарската национална телевизија (БНТ), мигрантите требало да бидат префрлени од бугарско-турската граница до бугарско-српската граница.

 

Во тек е потрага по трговците со луѓе за кои се верува дека го управувале камионот и избегале, потврдија властите. Се верува дека тоа е најсмртоносниот инцидент со мигранти во земјата. Бугарија, која се наоѓа на надворешните граници на Европската унија, се обидува да ги заостри безбедносните мерки за да го спречи зголемениот број луѓе кои сакаат да ја преминат границата.