ВИСОК Е СКОРО ТРИ МЕТРА, И СЕ УШТЕ РАСТЕ: Не знае да вози, едвај влегува во куќата

0
25

СУЛЕЈМАН Абдул Самед се заканува дека ќе го собори рекордот за највисок човек на светот.

Највисокиот човек во Гана наводно е висок неверојатни 2,92 метри. Барем така пријавил, но на крајот испаднало дека е висок 223 сантиметри – и сè уште расте.

Сулејман Абдул Самед стана многу популарен во Гана и каде и да оди сите сакаат да се сликаат со него, а сето тоа благодарение на неговата необична висина.

Оваа висина го прави највисокиот човек на светот, но сепак има мал проблем бидејќи никој со сигурност не може да каже дали мерните уреди што ги користи болницата покажуваат точни резултати.

На Сулејман пред неколку години му беше дијагностициран гигантизам и оттогаш секој месец оди на редовни контроли. Но, на последниот преглед настанала неочекувана ситуација. Сулејман бил повисок од вагата во ординација, а зачудената медицинска сестра веднаш повикала колега.

– Тој сега е повисок од нашата скала – рекла таа.

Нејзиниот колега им предложи да земат столб, да го закачат на врвот на вагата и да го искористат за да се обидат да ја измерат висината на Сулејман. Токму поради овој нестандарден метод на мерење, никој не може со сигурност да каже дали навистина е висок 289 сантиметри. Веста за Сулејман брзо се прошири низ целата земја, па поради тоа многумина застануваат и го поздравуваат на улица.

Исто така, тој не може да вози автомобил бидејќи неговите нозе се толку големи што го спречуваат правилно да го држи воланот, а исто така и да застане во автомобилот. За да влезе во куќата, тој мора целосно да го свитка грбот бидејќи рамката на вратата е прениска за него.

Кога го измериле експертите, се испоставило дека е висок 223 сантиметри, што е многу помало од она што го кажале лекарите во болницата.

Иако досегашниот рекорд го држи Турчин висок 247 сантиметри, Сулејман не е загрижен и вели дека се надева дека еден ден ќе го претекне.

– Сè уште растам. Кој знае, можеби еден ден и јас ќе ја достигнам таа висина. „На секои три до четири месеци, можете да видите промена во мојата висина“, рекол тој.