Клиничката болница Тетово доби нова апаратура во вредност 3,5 милиони евра

0
19

Министерот за здравство Беким Сали заедно со директорот на Клиничката болница Тетово Амир Елези, пред медиумите ја промовираа новата медицинска опрема наменета за болницата. Опремата е обезбедена со пари од Светска банка

„Станува збор за набавка на опрема за 14 јавни здравствени установи во државата, меѓу нив е и Клиничката болница Тетово. Се работи за инвестиција од 13,6 милиони евра, од кои 3,5 милиони евра се наменети за медицинска опрема за Клиничката болница Тетово, за која се обезбеди ангиограф, апарат за компјутерска томографија, мамограф, два ренген апарати, шест апарати за ехо дијагностика и два подвижни ренген апарати. Дел од нив се во фаза на инсталација, а веќе се пуштени апаратите за ехо дијагностика. Подготвени за пуштање во употреба се подвижните ренген апарати, како и новиот мамограф. Во текот на наредна недела ќе има обука на кадар за користење на овие апарати, а потоа ќе бидат пуштени во употреба“, рече министерот Сали.