Манифестацијата „И Тетовските глумци поа“, годинава нема да се одржи, од министерството им го одбиле проектот

0
20

Деветото издание на традиционалната театарско-музичка манифестација „И тетовските глумци поа“ за огромна жал на тетовци оваа година нема да биде одржана, поради комплетно одбиен проект од страна на Министерството за култура, изјави режисерот на оваа манифестација Саше Серафимовски.

„Манифестација која изминатите 8 години ја полни салата на НУ ЦК „Иљо Антески Смок“, не ја доби ниту минатогодишната бледа подршка кога ресорното министерство одвои 115.369 денари за оваа манифестација. Да напоменеме дека театарската традиција во Тетово датира од далечната 1898 година. „Театарџиите“ во Тетово се директни наследници на некогашниот Градски народен театар затворен 1955-та година. Најсилниот адут на оваа манифестација се преполните сали, оригиналниот хумор, музиката во живо со 10 член професионален оркестар, професионално озвучување и осветлување кое чини многу пари. Досега сето ова било овозможено преку ентузијазмот на членовите и одредена подршка. Оваа година тетовци ќе останат покуси за одлична предновогодишна традиционална театарско-музичка манифестација“, изјави режисерот Саше Серафимовски.