ВИДЕО: По десет дена од под урнатините извлечени мајка со две деца

0
27

Сепак, и кога снемува надеж, се случуваат чуда.

Благодарение на натчовечките напори на спасувачките и волонтерските тимови кои деноноќно ги пребаруваат срушените објекти, во подрачјата погодени од земјотресот и вчера биле спасени неколку животи.

 

После 77-годишната жена која беше спасена по 220 часа под урнатините, светлото на денот го здогледале мајка и две деца.

Збунетата жена ги прашала своите спасувачи „кој ден е денеска“, откако со двете деца била извлечена од урнатините во Антакија дури 228 часа по земјотресот, а локалните медиуми спасувањето го нарекле чудо.

 

 

 

Повеќе од девет дена откако силниот земјотрес ги погоди Турција и Сирија, спасувачите и натаму вложуваат огромни напори, ги пребаруваат урнатините за преживеани и се спротивставуваат на предвидувањата дека времето за преживување е поминато.

Членот на спасувачкиот тим Мехмет Ерилмаз го опишал моментот кога ги пронашле мајката и децата и ги извлекле на слобода.

„Мајката беше среќна што не гледа. Прво ја држев за рака. Разговаравме и ја смирувавме“, изјавил тој, додавајќи дека мајката прво побарала вода, но дека поради околностите не смееле да направат ништо без интервенција на итната помош. Потоа ги прашала своите спасувачи „кој ден е денеска“.