НОВИОТ ЗЕМЈОТРЕС ВО ТУРЦИЈА ГОЛЕМ ДЕЛ ОД ЗГРАДИТЕ КОИ БИЛЕ ПРЕТХОДНО ОШТЕТЕНИ, ЦЕЛОСНО ГИ УРНА

0
35

Нов земјотрес во Турција и Сирија. Тектонското движење било со јачина од над 6 степени по Рихтер, има загинати и повредени. Спасувачките екипи во Хатај се вратија на терен откако вчера прогласија крај на потрагата по преживеани. Регистрирани се и триесетина последователни потреси.

„Операции за спасување се почнати во три града. Тројца се под урнатини. Примени се четириесетина повици, никој не е во критична состојба“, изјави Сулејман Шојлу, министер за внатрешни работи на Турција.

„Кога се случи, сите излеговме на улица. Владее страв, паника. Сите се плашат. Ако продолжиме вака и вака продолжат потресите, ќе останеме во шатори“.

„Дома ни беше мирно. Се подготвував за молитва и почна да тресе. Истрчав надвор. На приземје сме, не знам како излеговме, над нас има четири ката“.

Зградите кои беа разнишани од претходните земјотреси се урнаа целосно. Сеизмичката активност била почувствувана и во Сирија, Кипар, Грција, Египет, Израел и Либан. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган кажа дека градежните работи на речиси 200.000 станови во 11-те погодени провинции ќе почнат следниот месец.

Земјотрес и во централна Италија со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала. Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, епицентарот бил на 8 километри од градот Мачерата, на длабочина од 2 километри.