Жител на Ниш обвинет дека ја силувал сопствената ќерка, таа забременила и родила девојче

0
118

По наредба на Вишото јавно обвинителство Ниш, во траење до 48 часa одреден му e притвор на Б. М. од Ниш поради сомнение дека сторил кривично дело силување.

„Во рок од 48 часа осомничениот ќе биде сослушан за сите околности на настанот“, стои во објавата на веб-страницата на Обвинителството, објави Новости.

Се сомнева дека пријавениот во два наврати ја силувал ќерката со иницијали С.М. на возраст од 21 година по што минатата година таа родила девојче. Тој и претходно бил приведен поради сомнение дека го сторил истото дело, но поради немање докази бил пуштен на слобода.