Тетовските улици „преплавени“ од диви возачи, се возат камиони и комбиња без возачки дозволи

0
21

Низ тетовските улици се повеќе се вози без положен возачки испит.Казните на полицијата не ги плаши дивите возачи да седнат зад волан, особено малолетниците. Хаосот во сообраќајот уште поголем, а ризикот од сообраќајни несреќи се поголем.

Низ тетовските улици илјадници возила се управуваат без положен возачки испит. Претежно возат малолетници, а без возачки, луѓето седнуваат зад волан, управувајќи дури и комбиња  и камиони.
 
Секој месец се казнуваат по стотици граѓани, но тоа не ги плаши дивите возачи.
„Полициските службеници на СВР Тетово во текот на минатата (2022) година изрекле вкупно 2364 мерки за управување на возила без положен возачки испит и валидна дозвола за тоа (ТЕ-1728 и ГВ-636). Во првите два месеци од годинава, бројот на ваквите мерки изнесува 360 (ТЕ-260 и ГВ-100),“ изјави портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.
 
Проблемот со дивите возачи го зголемува сообраќајнииот хаос низ тетовските улици, а ризикот од сообраќајни несреќи се поголем.Граѓаните сметаат дека за прекршителите треба има поголеми санкции.На возачите кои ќе се затекнат како  управуваат возило без положен возачки испит, но и на сопствениците на возилата им се изрекуваат казни од 250 евра.