Пекар од Тетово: Нека замеси министерот леб и нека го продава за 33 денари

0
28

Јавус Дурак, сопственик на една тетовска пекара која произведува леб без адитиви кој се пече на дрва, видно револтиран од одлуката за замрзнување на цената на лебот. За него е нејасно како е можно да се замрзне цената на основниот производ, кога продуктите потребни за производство на лебот се двојно поскапи, а струјата и дрвата до плафон.

„Ако е 33 денари лебот, тогаш треба да биде и брашното поевтино. 16 денари беше брашното кога го продававме лебот 30 денари, а сега е 30 денари тип 500, а тип 400 е 32 денари, сега сум сигурен дека цената на брашното и натаму ќе се качува. Државата каде е?, нека дојде министерот нека замеси сам леб и нека продава. Ние сме како играчка, донеси го брашното 16 денари, нема проблем ќе го продавам лебот за 30 денари, брашното скапо, струјата скапа, еве јас со дрва работам, дрвата беа претходно 40 евра кубик, сега се 90 евра, значи двојно поскапи, се е поскапо, а лебот пак ниска цена, не бива така. Малборо цигари купуваат 130 денари, никој не се буни, за кафе 50 денари даваат, а лебот килограм под 50 денари и пак им скап“, вели Дурак, за СП