Од почеток до крај електричната инсталација во Модуларната болница во Тетово се поставувала без никакви стандарди

0
23

Без надзор, елаборат и документација се поставувала електричната инсталација во Модуларната болница во Тетово, истакна Ирфан Шаќири вештак од електротехника на денешното сведочење во Основниот суд во Тетово. Тој во својот исказ посочи дека самиот чин на приклучување на објектот во електричната мрежа е изведен од двајца вработени од Клиничката болница Тетово. Ако стандардите би биле запазени, тешко дека би можеле до дојде до струен удар, додаде тој

„И работата и изведувањето се одвивала без надзор од овластени електроинжинери. Самиот чин на полагање на проводникот е без пресметка , целата постапка од вработените на ЈЗУ Клиничка болница Тетово била без надзор од овластени и стручни лица, кои се должни и специјализирани за оваа работа. Објектот проектиран од БРАКО е монтиран, според нив,  како што се барало од Министерство за здравство, според нивната изјава, нивна должност била само да го изготват и монтираат на дадената локација. Од нивна страна во однос на електричната инсталација нема елаборат, бидејќи според нив, никој не барал такво нешто За ваков тип на објекти постојат и европски стадарди каде на прецизен начин се дефинираат процесите на поставување на електрична инсталација, сведочеше вештакот  Ирфан Шаќири.

На денешното рочиште беа презентирани и дел од писмените докази на одбраната. Адвокатот на првообвинетиот во случајот, Флорим Бесими посочи дека еден од договорите кој го има склучено Клиничка болница Тетово докажува дека во болницата имало ПП апарати, а во договорот стои дека таа била надлежна и за одржување на тие апарати.

Одбраната на третообвинетиот доктор Бобан Вучевски истакна дека поседуваат докази со кои се докажува дека докторот не бил раководител на модуларната болница.

Пред да започне судскиот процес пред Основниот суд во Тетово и денеска се одржат протест за подршка на доктор Вучевски.

Во случајот модуларна болница, Тетовското Обвинителсво ги обвини двајцата директори Фљорин Бесими и Артан Етеми за кривично дело тешки дела против општата сигурност и докторот Бобан Вучевски за кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија додека правното лице ЈЗУ Клиничка болница Тетово за кривични дела предизвикување на општа опасност и непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.

Во октомври 2021 по вештачењето на МВР, Обвинителството информираше дека пожарот во модуларната настанал како последица на запален продолжен кабел, на кој бил приклучен дефибрилатор-апарат за реанимација, полнач за мобилен телефон и уште еден уред, информираше Обвинителството.