Скапотијата нанесе најголем удар на пензионерите, некои со пензија од 6.000 денари, едвај врзуваат крај со крај

0
27

Поскапувањата нанесоа најголем удар на пензионерите. Од Здружението на пензионери Тетово, едно од најголемите во Македонија, велат дека секојдневно се обраќаат пензионери кај нив, барајќи помош оти се работи за луѓе со ниски пензии, земајќи предвид дека голем дел од нив работеле во текстилниот сектор. Здружението помага во рамки на можностите, но тоа не е доволно.

Цените секојдневно растат, пензии стојат во место. Тетовските пензинери едвај врзуваат крај со крај.

Младите заминати во странство, оставени сами на себе, тропаат на вратата на Здружението на пензионери Тетово.

Оттаму велат дека помагаат на членовите.

Годинава одредиле поголема сума, за 500 вредносни ваучери за поголемите празници, за пензионери со потешки операциони зафати, но тоа не е доволно.

Од Здружението велат дека подолго време нема усогласување на пензиите со растот на трошоците. Владините мерки за помош кои се еднократни не помагаат.

Дополнителен проблем е што Тетово нема Дом за стари лица. Здружението има соби за сместување на пензинери, но во лоша состојба. Досега ниту државата, ниту општините од полошко, не покажале интерес за нивно реновирање,

Здружението на пензионери Тетово е едно од поголемите во државата, со над 13.000 членови претежно со ниски примања