ВИДЕО: „Гробари“ во шест часот наутро ги пречекаа своите херои од Мадрид

0
65

Кошаркарите на Партизан во раните утрински часови од Мадрид се вратија во Белград. Голем број фанови ги пречекаа на аеродромот „Никола Тесла“.

Двете победи во Мадрид против Реал го донесоа Партизан на чекор до фајнал-форот во Каунас. Тројката на Кевин Пантер во првиот и убедливиот триумф во вториот меч, кој заврши со тепачка, дополнително ја подгреа и онака големата еуфорија кај навивачите на „црно-белите“.

Аеродромот „Никола Тесла“ беше преполн со „црно-бели“ поддржувачи кои пееја навивачки песни и ги скандираа имињата на своите миленици.

Серијата во Белград започнува на втори мај, а со евентуална нова победа на Партизан, српскиот тим ќе се пласира на завршницата во Каунас.
Извор ГолМк