Голем руски ракетен напад врз Украина, има мртви

0
37

Неколку украински градови, меѓу кои и главниот град Киев, синоќа беа погодени од руски ракети. Министерот за внатрешни работи на Украина, Игор Клименко, соопшти дека во синоќешниот руски ракетен истрел врз градовите Днипро и Уман и Киевската област загинале пет лица, а 13 се повредени.

Три лица загинаа во Днепар, меѓу кои жена и тригодишно дете,изјави локалниот градоначалник, пренесе Би-би-си.

Фотографиите на социјалните мрежи од централниот град Уман покажуваат тешко оштетена деветкатна зграда откако била погодена. Експлозии се слушнале и во градовите Кременчук и Полтава, пренесува Интерфакс.

Шефот на воената управа на градот Киев изјави дека ова е прв руски ракетен напад врз главниот град по 51 ден.