(Видео) Пентагон објави снимка од НЛО фатено од американски воен дрон над Блискиот Исток

0
25

Американската влада следи повеќе од 650 потенцијални случаи на неидентификувани појави, познати како НЛО, рече Шон Киркпатрик, директор на Канцеларијата за решавање на аномалии на сите домени (ААРО) на Пентагон и објави видео.

Ззавчера пред Поткомитетот за вооружени служби на Сенатот изјави дека бројот на забележани вакви феномени е зголемен во споредба со 350-те пријавени во разузнавачкиот извештај за неидентификувани појави објавен претходно оваа година.

приближно половина од 650 случаи им дадовме приоритет за набљудување поради интересна аномална вредност. Сега треба да ги поминеме и да дознаеме со колку реални податоци располагаме“, рекол Киркпатрик и додал дека неговата канцеларија им помага на Пентагон и на разузнавачката служба во идентификувањето на новите технологии на странските земји, пренесува Index.hr.

Тој објави видео од случај на НЛО. На видеото се гледа мала сребрена топка која прелетува покрај американскиот дрон MQ-9 на Блискиот Исток во 2022 година. Дронот го следел објектот со камера додека се движел низ небото,

Киркпатрик објасни дека овој случај е нерешен бидејќи немало други докази освен видеото.

„Ќе биде речиси невозможно целосно да се идентификува овој феномен само врз основа на видео“, рече тој.