Возило на кумановската Брза помош се преврте во центарот на Скопје

0
21

Возило на кумановската Брза помош во кое имало пациент испратен од Куманово за Скопје се превртело ноќеска додека ја минувало крстосницата кај зградата на Европска Унија и Тутунска Банка.

Возилото на брза помош најпрво се судрило со друго возило, по што се превртело. Потоа интервенирала скопската итна помош.

Од МВР најавуваат информации за несреќата во текот на денот.