Деца на возраст од 10 и 13 години го силувале осумгодишникот, дознава Телма

0
23

Само 8 години било старо детето кое било силувано од двајца други малолетници, дознава Телма од извори во истрагата за ова злосторство. Напаѓачите односно силувачите имале 10 и 13 години. Тие грозоморниот чин го снимале на мобилен и потоа го праќале на своите другарчиња. За среќа видеото не е објавено на социјалните мрежи. Кога дознала, мајката на силуваното дете веднаш го пријавила случајот во полициската станица Битпазар.

-Преземени се соодветни мерки и активности и веднаш во полициската станица извршен е службен разговор со малолетниците, но и со родителите затоа што станува збор за малолетници кои се под 14 години. Случајот е документиран и поднесен е соодветен поднесок до обвинителство. Отсега случајот е во надлежност на Основното јавно обвинителство и Центарот за социјални работи, вели Тони Ангеловски, портпарол на МВР.

Во моментов случајот е во рацете на јавен обвинител.

– ОСНОВНОТО ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО СКОПЈЕ Е ИЗВЕСТЕНО ЗА НАСТАНОТ. ПРИЈАВЕНИТЕ ДЕЦА СЕ ПОМЛАДИ ОД 14 ГОДИНИ, ПА СО ОГЛЕД НА ТОА СЕ ИСКЛУЧЕНИ ОД КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ. ЦЕНТАРОТ ЗА СОЦИЈАЛНИ РАБОТИ ЌЕ ГО ПРОВЕРИ СЛУЧАЈОТ, ВЕЛАТ ОД ОЈО.

Родителите на силувачите биле повикани во станица, а известен е и Центарот за социјални работи.

Од Центарот за Телма велат дека веднаш разговарале со децата. Отсега центарот ќе работи и со децата и со нивните родители.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека ова не е прв ваков случај и апелираат до родителите повеќе да внимаваат што прават нивните деца користејќи ги социјалните мрежи.