Куче скитник каснало две деца во Валандово

0
20

На 27.04.2023 во 09.00 часот во Полициската станица Валандово, З.С.(48) од село Марвинци, валандовско, пријавил дека во село Марвинци неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

Истиот ден, во 09.15 часот и С.С.(51) од село Марвинци пријавил дека на игралиштето во училиштето во село Марвинци неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.