Директорот на битолската болница Обедниковски утре поднесува оставка од морални причини

0
24

Директорот на битолската болница, доктор Александар Обедниковски утре ќе поднесе оставка од фунцкијата.

Тој за Телма потврди дека утре ќе ја депонира оставката од морални причини. Негова оставка доаѓа по смртта на новороденчето кое почина два часа откако било родено, што е последен во низата случаи кои ја потресуваат оваа болница.

Претходно, кон крајот на март, шестгодишната Јана Христовска почина на детското одделение по примена инфузија. Нејзините родители се сомневаат на лекарска грешка, но обвинителството се уште го чека наодот од обдукцијата, за да одлучи дали ќе поднесе обвинение.

Александар Обедниковски е директор на битолска болница од мај 2022-та година, а како специјалист ортопед работи таму од 2014-тата година.