Русија и Украина разменија 200 заробени војници

0
24

Повеќе од 200-те руски и украински војници се вратија денеска во своите домови во размена на заробеници, потврдија официјални извори на двете држави.

Според руското министерство за одбрана, 106 руски војници биле ослободени од Украинско заробеништво како дел од договорот со Украина.

Андриј Јермак, шеф на кабинетот на Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека Русија ослободила 100 украински заробеници.

Ниту една од двете држави не споменува дали во постигнувањето на договор за размена на заробениците биле инволвирани и посредници.

Ова не е прв пат Украина и Русија да разменат заробеници и ваквите договори се една од ретките области на соработка меѓу двете држави која се уште постои.