Зеленски: Знам да пукам и со Русите би се борел до смрт

0
19

Украинскиот претседател Володомир Зеленски потврди дека секогаш со себе носи пиштол и рече дека со својот внатрешен круг луѓе би се борел до смрт доколку Русите на почетокот од инвазијата упаднале во неговиот штаб во Киев, изјави во саботата вечерта во интервјуто за и украинската телевизија 1+1.

„Знам да пукам. Можете ли да си го замислите насловот ‘Русите го заробија украинскиот претседател?’ Тоа би било срамно“, рече Зеленски во интервјуто објавено на YouTube каналот на новинарот Дмитро Комаров.

Во првите денови од инвазијата на 24-ти февруари минатата година, наводно руски разузнавачки специјалци кои успеале да се пробијат во Киев, сепак, не успеале да се пробијат и до улицата Банкина каде претседателскиот кабинет. Сепак, малку е веројатно дека Зеленски се наоѓал во тоа време кога руските единици ги заземаа предградијата на Киев бил во својата канцеларија, па и воопшто во главниот град.

Зеленски рече дека други руските единици започнале да ги напаѓаат киевските предградија, но не напредувале далеку. Во градот имало и обиди за саботажи.

„Доколку продреа внатре, ние сега немаше да разговараме. Никој не би бил заробен, бидејќи би се бореле до крајот. До последниот“ тврдеше Зеленски.