НЕСРЕЌА ВО ИНДИЈА – Девет мртви поради истекување на гас во фабрика

0
21

Девет лица загинаа, а 11 се хоспитализирани поради истекување на гас во фабрика во големиот индустриски град Лудијана, во државата Пенџаб во северна Индија.

Државната новинска агенција АНИ јавува дека екипа на Националните сили за одговор при катастрофи излегла на местото на несреќата, пренесува Ројтерс.

Во градот е зголемено присуството на полицијата, која патролира со маски на лицата и го предупредува локалното население да се држи подалеку од загаденото подрачје, јавуваат локалните медиуми.