Италијански медиуми: Тројца македонски државјани загинаа во тешка сообраќајка во Асти

0
24

Четири млади животи згаснаа во тешка сообраќајна несреќа што доцна синоќа се случила во провинцијата Асти во Италија, јавуваат тамошните медиуми.

Сообраќајната се случила на патот што ги поврзува Лигурија со јужниот дел на Пиемонт, во областа Понте Верде и во неа учествувале два автомобили. Во едниот бил една од жртвите 23-годишен Италијанец, додека во другиот се наоѓале останатите тројца загинати за кои италијанските медиуми јавуваат дека се 30-годишници кои се македонски државјани.

Според дел од медиумите, тоа се македонски државјани кои живееле во Италија односно се дел од „големата источноевропска заедница која со децении живее таму“. Исто така, потсетуваат дека и дека несреќата се случи на првиот ден од католички Велигден и на Цветници кои православните христијани го прославуваа вчера.

Судирот помеѓу возилата се случил на тесна и опасна кривина на која имало многу тешки сообраќајки и во минатото.

На самото место бргу пристигнале екипи на Брза помош и пожарникари кои се обиделе да ги извлечат патниците, но не успеале да ги спасат.

Возилата биле целосно уништени.