Приведени крадци во Скопје, фатени на дело

0
26

Полицијата вчера околу 19 часот приведе две лица кои биле затекнати при извршување кражба во куќа на улица „Фјодор Достоевски“ во Скопје.

На 09.04.2023 во 19.30 часот, полициски службеници од ЕВР Карпош и ЕВР Центар и Бит Пазар ги лишиле од слобода Б.Ј.(23) и А.А.(29), двајцата од Скопје. Тие биле затекнати при извршување кражба во куќа на ул. „Фјодор Достоевски”, при што одзеле повеќе предмети, соопшти МВР.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.