Косовец одвел девојче од скопско во Призрен и имале сексуален однос, го пријавила мајката на малолетничката

0
27

Косовец, со кого претходно се допишувале преку социјалните мрежи, одвел малолетно девојче од скопско во Косово, каде имале сексуален однос, а мајката на девојчето случајот го пријавила во полиција.

„На 09.04.2023 во 17.00 часот во Полициска станица Драчево, малолетничка од скопско село, во присуство на нејзината 44-годишна мајка, пријавила дека на 07.04.2023, Д.Б. од Република Косово, со кого претходно се допишувала преку социјална мрежа, ја зел од Скопје со автомобил и отишле во Призрен, каде имал сексуален однос со неа“, пишува во полицискиот билтен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.