50 рудари од синоќа се заробени во косовскиот рудник „Трепча југ“

0
43

Во рудникот „Трепча Југ“ од синоќа околу 50 рудари се заробени на 900 метри под земја.

Рударите се заробени 12 часа, а причината е проблем со струјата, јави порталот Лајми, пренесува Косово онлајн.

Според порталот, рударите од ноќната смена, кои почнале со работа на полноќ, останале заробени во рударското окно.

“Во моментов состојбата е добра. На шпоретот остана храна. Разговаравме со нив, во добра состојба се бидејќи имаат вентилација и светлина. Проблемот е со лифтот”, вели еден од рударите.

Овој портал се обидел да добие одговор од директорот на рудникот Беџет Винартчи, но тој не бил достапен, пренесува Бета.