Кривична за екс градоначалничката на Македонска Каменица – го оштетиле буџетот за 7.600.000 денари

0
18

СВР Штип поднесе кривична пријава против С.С.(55) од Македонска Каменица и Т.С. (35) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “злоупотреба на службена положба и овластување“.

На 11.08.2020 С.С. како градоначалник на општина Македонска Каменица, ја злоупотребила својата службена положба и овластување, постапувајќи спротивно на чл.50 ст.1 т.15 од Законот за локална самоуправа и наместо имотот на општината да го евидентира и да спроведе транспарентна постапка за негово отуѓување, откако претходно се уверила дека двете цистерни за мазут не се водат како основно средство на основно училиште во Македонска Каменица, ангажирала јавно претпријатие од Македонска Каменица за откривање и вадење на цистерните.

Второпријавениот го организирал отстранувањето на цистерните од јавна површина од Македонска Каменица преку правно лице од Кавадарци за износ од 147.200 денари.

Со извршеното дело пријавените предизвикале вкупна материјална штета на општина Македонска Каменица во износ од 7.600.000 денари.